Acer е еден од највредните производители во светот на технологијата но, ретко нивните смартфони или таблети привлекуваат големо внимание, но затоа новиот Liquid Z5 има скриен адут кој може да биде привлечен за купувачите, а успеа да го задржи нашето внимание.
Acer Liquid Z5 работи на оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean, но почетното мени е во стилот на интерфејсот на смартфоните со Windows Phone 8. Секако не се работи за некаков хибрид кој ги има двата оперативни системи, туку е само умешен потег со креирање на овој кориснички интерфејс кој е уреден во стилот на LiveTies менито на Windows Phone 8.
Acer Liquid Z5 е инаку смартфон од средната класа со 5 инчен екран со многу ниска резолуција од 480 x 854 пиксели, 5 мегапикселна камера, дво-јадрен MediaTek процесор со брзина од 1.2 GHz, 512 MB RAM, 4GB вградена меморија, подршка за MicroSD мемориска картичка до 64 GB и батерија со капацитет од 2.000 mAh. Неговата цена во Европа изнесува околу 160 евра.
Friday, February 7, 2014
HTC Desire 700
HTC Desire 700 e уште еден пример на делумно промашен смартфон на тајванската компанија која продолжува со преценување на своите уреди, штитејќи го познатиот бренд но, реално за поставента цена од околу 500 долари не нуди многу. Не дека HTC Desire 700 нема свои квалитети, но неизбежно е чуството на превисоко поставена цена. Сепак овој смартфон може да им се допадне на многумина пред се на големите фанови на HTC, кои со Desire 700 ќе добијат висок квалитет на изработка, солидна камера и многу подобар звук благодарение на софтверскиот додаток HTC BoomSound. Во продолжение прочитајте кои се предностите и слабостите на HTC Desire 700.
Дизајн
Како и сите смартфони на тајванскиот производител така и HTC Desire 700 може да се пофали со квалитетна изработка и употреба на цврсти материјали кои го прават многу подобар од сличните уреди во средната класа. Задната страна има блескав изглед, но маанат се бара во лизгавоста, како и големиот број на дамки од отпечатоци на прстите кои веднаш се забележуваат. Смартфонот е нешто подолг од вообичаените смартфони со големина од 5 инчи поради сместувањето на поголемите стерео звучници на долната страна, па така ќе имате мали предизвици да го сместите во вашиот џеп. HTC Desire 700 е необично „дебел“ за денешни услови со 10.1 милиметар и има димензии кои изнесуваа 145.5 x 72 мм во широчина и висина, со тежина од 149 грама, што го прави еден од потешките уреди.
Дисплеј
Од пофалбите што може да ги изречеме за дисплејот на HTC Desire 700 е единствено на адреса на големината од 5 инчи, но се друго е за жал малку под нивото на очекуван квалитет. Смартфонот има екран со необична резолуција од 540 x 960 што е доволно за само 220 ppi густина на сликата. Затоа деталноста и острината на сликата нема премногу да ве воодушеви, но може да се каже дека обезбедува колку толку пристојна видливост за читање на текстови, гледање на видеа и работа со апликации. Осветленоста на екранот е меѓу позитивните страни и затоа нема да имате поголеми проблеми со рефлексијата на сончевата светлина и видливоста на отворено.
Софтвер и интерфејс Софтверот на HTC Desire 700 не е од најновата генерација што е вистинско изненадува за смартфон кој беше лансиран во декември и нема никакво оправдување за HTC што не понудил понов софтверски пакет. HTC Desire 700 работи на веќе застарениот оперативен систем Android 4.1.2 Jelly Bean во комбинација со корисничкиот интерфејс HTC Sense 5.0, што остава сомнеж дека надградбите кај овој смартфон ќе одат многу тешко. Главна компонента на софтверот е организацијата на почетниот екран со менито BlinkFeed каде се содржани сите апликации и најчесто користени сервиси и истите постојано се освежуваат со нови информации. На некои им пречи овој стил на почетниот екран и не може да го исклучите, туку да го сместите на последното место во панелите.
Заклучок HTC Desire 700 е еден од оние смартфони кои на прв поглед изгледаат навистина одлично и квалитетно се дури не се задржите на одредена категорија подетално. Па ако сте задоволни од неговиот дизајн малку ќе ве разочара екранот и квалитетот на сликата кој не заслужува преголеми пофалби. Ако пак сте задоволни од софтверот и сите додатоци во интерфејсот, ќе ве разочара малата ограниченост на камерата. HTC Desire 700 не е лош смартфон, но во овој момент тајванската компанија нема голем простор за идеално компонирање на средната класа каде треба да се направат најголемите компромиси и да се намали цената како што тоа го направи Motorola со Moto X и Sony со Xperia C.

Tuesday, February 4, 2014
Samsung Galaxy Trend Plus
Samsung Galaxy Trend Plus е еден од најновите смартфони на корејскиот технолошки гигант кој е ставен во втор план бидејќи е наменет за ниската класа, односно за купувачите со најмал буџет и за оние кои сакаат мал и едноставен телефон. Samsung Galaxy Trend Plus се продава по многу ниска цена од околу 10.000 денари и најчесто ќе го сретенете во при-пејд понудите. За тие пари добивате просечен уред кој има неколку позитивни каракатеристики како афирмиран бренд, добар дизајн и екран со пристоен квалитет.
Samsung Galaxy Trend Plus е мало телефонче со веќе познат дизајн сличен на повеќето смартфони на Samsung со заоблени агли и мали димензии кои го прават лесен за управување со една рака и е удобен за држење. Неговите димензии изнесуваат 121.5 x 63.1 милиметри, неговата дебелина е нешто над просекот со 10.5 милиметри, додека тежината од 118 грама е сосема прифатлива. Како и повеќето смартфони на Samsung изработен е од пластика која на моменти дава впечаток на евтиност, така да не треба премногу да очекувате во тој дел. Изборот на маската доаѓа во бела и црна варијанта, а задната мека прекривка може да ја отстраните. Под екранот е сместено големо физичко копче кое најмногу се користи, додека странично се наоѓаат копчињата за вклучување/заклучување и регулаторот на звук.
Samsung Galaxy Trend Plus е прилично едноставен телефон со компоненти кои се сосема доволни за извршување на сите потреби на корисникот. Со неговиот TFT LCD дисплеј нема да имате никакви проблеми со видливоста, додека пак хардверот ќе ви обезбеди солиден перформанс и нема да ве остави на цедило при работа со апликации, игри, користење на интернет и повремена забава со мултимедијални содржини. Кај Samsung Galaxy Trend Plus не може да се одвои сегмент кој најмногу пречи бидејќи се добива впечаток на добро избалансирани перформанси во сите категории. Сепак, пред да се одлучите да го купите овој смартфон ќе треба добро да ја разгледате ниската класа или пак да додадете уште некој денар повеќе и да купите смартфон со поголем екран и подобра резолуција, кој ќе има 8 мегапикселна камера и нешто поквалитетен хардвер и батерија.
Subscribe to:
Posts (Atom)