Tuesday, February 4, 2014

Samsung Galaxy Trend Plus

Samsung Galaxy Trend Plus е еден од најновите смартфони на корејскиот технолошки гигант кој е ставен во втор план бидејќи е наменет за ниската класа, односно за купувачите со најмал буџет и за оние кои сакаат мал и едноставен телефон. Samsung Galaxy Trend Plus се продава по многу ниска цена од околу 10.000 денари и најчесто ќе го сретенете во при-пејд понудите. За тие пари добивате просечен уред кој има неколку позитивни каракатеристики како афирмиран бренд, добар дизајн и екран со пристоен квалитет.
Samsung Galaxy Trend Plus е мало телефонче со веќе познат дизајн сличен на повеќето смартфони на Samsung со заоблени агли и мали димензии кои го прават лесен за управување со една рака и е удобен за држење. Неговите димензии изнесуваат 121.5 x 63.1 милиметри, неговата дебелина е нешто над просекот со 10.5 милиметри, додека тежината од 118 грама е сосема прифатлива. Како и повеќето смартфони на Samsung изработен е од пластика која на моменти дава впечаток на евтиност, така да не треба премногу да очекувате во тој дел. Изборот на маската доаѓа во бела и црна варијанта, а задната мека прекривка може да ја отстраните. Под екранот е сместено големо физичко копче кое најмногу се користи, додека странично се наоѓаат копчињата за вклучување/заклучување и регулаторот на звук. Samsung Galaxy Trend Plus е прилично едноставен телефон со компоненти кои се сосема доволни за извршување на сите потреби на корисникот. Со неговиот TFT LCD дисплеј нема да имате никакви проблеми со видливоста, додека пак хардверот ќе ви обезбеди солиден перформанс и нема да ве остави на цедило при работа со апликации, игри, користење на интернет и повремена забава со мултимедијални содржини. Кај Samsung Galaxy Trend Plus не може да се одвои сегмент кој најмногу пречи бидејќи се добива впечаток на добро избалансирани перформанси во сите категории. Сепак, пред да се одлучите да го купите овој смартфон ќе треба добро да ја разгледате ниската класа или пак да додадете уште некој денар повеќе и да купите смартфон со поголем екран и подобра резолуција, кој ќе има 8 мегапикселна камера и нешто поквалитетен хардвер и батерија.

No comments:

Post a Comment